Бомбици со крем, медено срце и наполитанки
Состојки
- 100 гр, маргарин
- 50 мл млеко
- 100 гр, шеќер во прав
- 20 гр, какао
- 100 гр, чоколадо
- 250 гр алми еуро крем
- 100 гр, медено срце винчини
- 100 гр, тортиња винчини
- 100 мл слатка павлака
- 50 гр, премиер наполитанка винчини
Подготовка
Во длабок сад се става млеко, шеќер во прав, еурокрем, какао и топеното чоколадо. Се' се меша убаво со миксер да се изедначи.
Се додава ситно исецкано винчини срца и тортичките, убаво се мешаат со лажица и се формираат бомбици.
Посебно се мати слтката павлака и со шприц се става на бомбиците.
Се декорира со парчиња наполитанка премиер винчини.