Леќа со црвена сушена пиперка
Состојки
- 300 гр Леќа
- 1 компир
- 1 главица кромид
- 4 сушени црвени пиперки
Подготовка
Исчистената леќа ја вариме на тивок оган заедно со излупениот кромид, компир и ги додаваме сушените пиперки. Откога ќе се сварат се вади кромидот, компирот и сушените пиперки (ја вадиме лушпата од пиперките) ги пасираме состојките, додаваме вегета, сол и црвен пипер и сето тоа го вракаме во тенџерето. Се вари уште 15-20 мин и густата чорба од леќа е готова.
Добар апетит.