Крем колач со бадеми и чоколадни лушпи (без печење)
Состојки
- 150 гр бисквити Кексини Винчини
- 100 гр засладено кондензирано млеко
- 100 гр чоколадни лушпи Фантазија
- 50 гр сечкани бели бадеми
- 1 лажичка ванила екстракт
- За фил
- 150 мл слатка павлака
- 2 лажици Чокала крем Винчини
- 2 лажици чоколаден прелив Винчини
- 1 лажица какао
Подготовка
Ова е чоколаден колач со екстра крцкав вкус, составен од екстра состојки. Декоративниот кремаст дел е многу вкусен и е сосема вклопен во целата тескстура така што го прави колачов комплетен.
Подготовка
1. Бисквитите ги мелеме и ги соединуваме со останатите состојки.
2. Во калап со обрач во форма на срце, намрсен со путер, ја распоредуваме смесата. Оставаме да се стегне.
3. Го отстрануваме обрачот и го сервираме колачот во чинија за да го филуваме.
3. Слатката павлака ја матиме заедно со кремот.
4. Го ставаме кремот во шприц, ама еден дел од него оставаме за да му додадеме чоколаден прелив и какао за да биде потемен.
5. Ја филуваме тортата со двата крема по вкус и желба.