Испечати

Винчини срциња - ситни колачи (без печење)

Винчини срциња - ситни колачи (без печење)

Состојки

  • 200 гр Винчини бисквити
  • 50 гр индиски ореви
  • 50 гр кокос
  • 2 лажици какао
  • 6 лажици маџун
  • 10 лажици кондензирано млеко
  • Декорација по желба

Подготовка

Брзи, лесни за подготовка, многу вкусни!

Во сад ги ставаме мелените Винчини бисквити, мелените индиски ореви, кокосот, какаото, маџунот и млекото. Убаво промешуваме.
Од оваа смеса можете да направите ситни колачи во различна форма или пак бомбици.
На здравје!

Забелешка
Индиските ореви може да ги замените со други јаткасти плодови.