Ролат од палачинки
Состојки
- Состојки за палачинките
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 1 лажичка сол
- 125 мл млеко
- 125 мл кисела вода
- 1 лажица зејтин
- малку пециво
- Фил
- 100 гр шунка(9 парчиња)
- 100 гр кашкавал
- 10 маслинки
- Потребно е уште и презла и 1 белка од јајце
Подготовка
Прво ги правиме палачинките. Од сите состојки матиме тесто и печеме 4 поголеми палачинки (во тава бр.24).
Палачинките ги редиме една до друга за да се добие квадрат. Врз нив ги ставаме круговите шунка, го рендаме кашкавалот и врз него ги ставаме сечените маслинки. Мотаме ролат така што страните од ролатот при мотањето ги ставаме навнатре за да не ви истече филот при печењето.
Ролатот го ставаме во сад со матена белка, па во презла. Го ставаме на хартија за печење да се запече 5 минути на 180 степени. Го вадиме, го премачкуваме со зејтин и пак го враќаме уште 5 минути.