Чоколаден колач (без печење)
Состојки
- Состојки
- 200 гр чоколада за готвење
- 2 лажици крем нутела
- 100 гр путер
- 100 гр ореви
- 300 гр наполитанки од Винчини со чоколаден фил
Подготовка
Прво ги сечеме оревите и наполитанките. Заедно ги ставаме во сад. На пареа ги топиме чоколадата и путерот. Кога ќе се стопат се прелеваат наполитанките и оревите. Кон ова го додаваме и кремот. Се заедно мешаме со лажица. Смесата ја ставаме во калап и го оставаме колачот да олади.