Испечати

Алфабет торта - јубилеен 1200ти рецепт

Алфабет торта - јубилеен 1200ти рецепт

Состојки

  • Состојки за тесто
  • 1 јајце
  • 115гр шеќер
  • неколку зрна сол
  • 55гр мед
  • 55гр маст или 60 гр путер
  • 25мл млеко
  • 330гр брашно
  • 1 лажичка пециво
  • Фил
  • 3 жолчки
  • 500 мл млеко
  • 120 гр. шеќер
  • 30гр брашно
  • 30гр густин
  • 1 ванилин шеќер
  • 125гр маскарпоне
  • 200мл слатка павлака

Подготовка

Кори

Ставаме на оган една каселорал со вода да се загрева.
Во друга касерола ги соединуваме јајцето, солта, маста и млекото, па ги ставаме врз првата касерола додека да се соединат состојките. Тргаме од оган.
Ги соединуваме брашното и пецивото и ги додаваме во смесата. Замесуваме тесто и го делиме на два дела.
Врз хартија за печење ги сукаме корите и формираме фигура срце. Внимателно ги отсекуваме непотребните делови од тестото и формираме две исти кори. Ги печеме 8-10 мин на 170 степени. Испечени ги оставаме убаво да се оладат.

Фил
Во сад на тивок оган ги загреваме млекото, ванилата и половина од шеќерот. Жолчките ги матиме пенесто со другата половина од шеќерот. Ги додаваме густинот и брашното. Додаваме половина од загреаното млеко, па промешуваме. Се' убаво соединуваме, вариме на тивок оган и мешаме да не се направат грутчиња. Тргаме од оган и го додаваме путерот во топлиот крем. Промешуваме, покриваме со проѕирна фолија и го оставаме да се лади. 
На оладениот фил ги додаваме изматените со миксер, слатка павлака и маскарпоне.

Кората ја ставаме на подлогата каде што ќе стои. Кремот го нанесуваме со шприц, потоа ја ставаме и втората кора и декорираме со пуслици, чоколада, перли, цвеќенца...