Набрана баклава со мелени бисквити (посно)
Состојки
- 1 кг кори за баклава
- 250 гр маргарин
- 6 лажици масло
- Фил
- 100 гр чоколадо
- 200 гр гриз
- 100 гр мелени посни бисквити Винчини
- 100 гр мелени ореви
- 200 гр толчени ореви
- Шербет
- 1 кг шеќер
- 700 мл вода
- 100 гр рендана чоколада
Подготовка
Во сад се топи маргаринот и маслото.
Во друг сад се ставаат ренданото чоколадо, гризот и оревите.
Секоја кора се става на влажна платнена салфета се покрива одозгора и одоздола за да омекне и поубаво да се витка ролатот(да не пука). Се витка 1/3 од кората и се реди 2-3 лажици од филот. Се витка ролат на шипка(сукало) се собира и се реди на 1/2 од плехот.
Се сечи баклавата и се полива со остатокот од маргаринот. Се печи на 250 С 40 мин.
Топла баклава се прелива со врел шербет.
Одозгора се ренда чоколада.
На
здравје!!!