Испечати

Бурито со телешко мелено месо

Бурито со телешко мелено месо

Состојки

  • 400гр телешко мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица доматно пире
  • 1 мала конзерва црвен грав
  • на вкус сол, бибер
  • на вкус чили или лут буковец
  • 200гр рендан кашкавал гауда
  • 1/2 глава ајсберг салата или марула
  • 2-3 домати
  • 8-10 готови тортиљи

Подготовка

Салатата исечкајте ја на ленти, на доматот извадете му ја срцевината и исечкајте го на коцки. Кромидот исечкајте го ситно и ставете го да се пржи. Кога ќе зацрвени, додадете го меленото месо и со лажица убаво иситнете го. Додадете го доматното пире, убаво измешајте, ставете го гравот претходно исцеден, насолете и набиберете на вкус. Оставете уште 2-3 минути да се пржи, по желба ставете чили или лут биковец.

Во сува тава со капак, ставете една тортиља и на средна температура 30 сек. затоплете ја од едната страна. Превртете ја од другата страна, на средина ставете од кашкавалот, поклопето со капак и оставете така да се загрева додека се стопи кашкавалот. Извадете од тава, врз кашкавалот наредете од месото, следува салата па сечканите домати. Завиткајте во ролат и замотајте цврсто со фолија да отстојат додека ги спремате останатите буритоси.

Послужете со сенаменскиот крем - американски кисел крем (Sour cream - Steakhouse Style), одлична комбинација се.