Брза чоколадна торта (без печење)
Состојки
- 500 гр мелени бисквити - посни
- 50-100 гр мелени лешници
- 200 мл шербет
- 100на гр посен маргарин
- 2-3 лажички рум
- Шербет
- 100 гр шеќер
- 100 мл вода
- Глазура
- 500мл слатка павлака
- 300 гр млечно чоколадо
Подготовка
Превкусна, брза торта која многу често ја правам, а сите дома ја обожаваме.
Најпрво го правиме шербетот и го оставаме да се олади. Откако ќе биде оладен, мелените бисквити ги месиме најпрво со маргаринот. Јас користам секогаш посен маргарин и посни бисквити. Откако ќе се соединат овие состојки ги додаваме мелените лешници, и шербетот и румот, кој и дава многу убав вкус на тортата и месиме повторно додека не добиеме хомогена смеса.
Добиената смеса ја ставаме во малечко тепсиче или калап, зависно што имате дома. Јас користев четвртасто тепсииче број 28. Ја распоредуваме рамномерно смесата.
Во меѓувреме ја ставаме слатката павлака во тенџере на оган и чоколадото. Мешаме постепено и кога ќе почне да врие по малку го тргаме од оган тенџерето. Смесата од слатка павлака и чоколадо ја ставаме од горе на веќе приготвената подлога од бисквити. Оставаме малку да се олади на собна температура и потоа ја ставаме тортата во фридижер и ја оставаме неколку часа да се стврдне убаво.
Откако е убаво стврдната, декорираме по желба. Јас ставив од горе кандирана вишна која е совршена комбинација со чоколадото, лешникот и румот. Најпосле наросив малку чоколадо во прав.