Салата со урда и праз
Состојки
- 500 гр солена урда
- 2 лажици фета сирење
- 1 страк праз
- 1 лажичка буковец
Подготовка
Едноставна, вкусна и лесна за правење салата.
Празот го сецкаме на ситни прачиња(само белиот дел).
Го додаваме во урдата, па го додаваме фета сирењето и зачинуваме со буковец.
Оставаме убаво да се олади и ја сервираме салатата наросена со буковец.
На здравје!