Испечати

Едноставен дип од авокадо (посно, веган, хроно)

Едноставен дип од авокадо (посно, веган, хроно)

Состојки

  • 2 зрели авокада
  • 1 мала главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • сок од 1/2 лимон (или на вкус)
  • 1 лажица маслиново масло
  • по вкус сол, бибер

Подготовка

Авокадото ставете го во висок сад. Додадете го ситно сечканиот лук, сокот од лимон и маслиновото масло. Насолете и набиберете на вкус. Изблендирајте ја смесата да добиете мазен крем. На крај додадете го ситно сечканиот кромид, измешајте убаво.
Напомена
Јас ставив нешто повеќе сок од половина лимон, но тоа е по вкус. Може и да додадете зачини по желба.