Шпанска пита
Состојки
- 4 јајца
- 250 мл јогурт
- 50 мл зејтин
- 1 пециво
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка вегета
- 150 гр брашно
- 1 морков (обарен и исецкан)
- 3 кисели краставички исецкани
- 3 виршли исецкани
- 100гр грашок
- 50-100 гр сирење
Подготовка
Јајцата се матат пенесто се додава јогуртот, солта и вегетата. Кога ќе се изматат убаво се додава зејтинот и на крај полека се додава брашното во кое сме го измешале пецивото. Кога се убаво ќе се измати се додава морковот, грашокот, краставичките, виршлите и сирењето. Се става во намастена тава и се пече на 220 степени околу пола час.
Тавата е отприлика колку пола плех ке видите на сликата јас во колкаво го печам. Ако сакате за плех дуплирајте ги состојките.