Испечати

Брзи Винчини коцки (без печење)

Брзи Винчини коцки (без печење)

Состојки

  • 100 гр, маргарин
  • 300 гр, алми крем
  • 100 гр, шеќер во прав
  • 100 мл млеко
  • 100 гр, чоколада млечна
  • 100 гр, чајни колачи мелени од винчини
  • 50 гр, медено срце винчини
  • 400 мл слатка павлака
  • 100 гр, шеќер во прав
  • 50 гр, тортички винчини
  • 50 гр, премиер наполитанка винчини

Подготовка

Се зема сад, се става маргаринот, алми кремот, шеќер во прав и млеко. Се меша со миксер да се соединат . Се додава топена чоколада, мелени чајни колачи, дробено медено срце, се соединува убаво и се става во калап.
Откако се стврдне, се мати на страна слатката павлака со шеќерот во прав и се става над смесата.
Се сечи на коцки и се декорира со тортички и наполитанка на винчини...