Гранола со манго
Состојки
- 1 зрело манго
- 1 банана
- 150гр густ јогурт (јас користев домашно кисело млеко)
- 1/2 лажица сок од лимон
- дополнително неколку лажици домашна гранола и свежо овошје по желба (боровинки, малини, јагоди, рибизли)
Мангото излупете го и исечете го на парчиња, ставете ги во длабок и висок сад. Додадете ја бананата, јогуртот и сокот од лимон и измиксајте со рачен миксер да добиете мазна и густа смеса. Ставете ја смесата во длабок сад за послужување, додадете одозгора гранолата и овошјето.
Пријатен појадок!