Проја со јогурт и сирење
Состојки
- 1/2 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 1/2 чаша зејтин
- 1 пециво
- 1 чаша пченкарно брашно
- 1 чаша обично брашно
- 1 чаша јогурт
- 4 јајца
- 200 гр сирење
Подготовка
Се матат јајцата со солта и шеќерот, потоа се додаваат сите останати состојки да се добие компактна смеса. Ако е многу густа може да се додаде малку млеко. Се додава сирењето, се меша убаво и се сипува во намастен плех да се пече. Се пече на 220 степени околу пола сат.
По желба може да се додаде спанаќ, праз, маслинки, шунка. Сум пробала во различни комбинации и секогаш е многу вкусна.
Чашата од мерката е 250 мл