Испечати

Винчини коцки со мелени бисквити и ореви

Винчини коцки со мелени бисквити и ореви

Состојки

  • Пандишпан
  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици мелени бисквити
  • 2 лажици мелени ореви
  • Фил
  • 6 жолчки
  • 100 гр, шеќер во прав
  • 500мл слатка павлака

Подготовка

Се земаат белките во сад се матат убаво да се добие густа смеса.Се додава шеќерот, малку се мати додека се стопи и со лажица се ставаат мелените бисквити и ореви. Се промешува, се става во плех и се суши на 160 степени 30 мин.
Во друг сад се мати слатката павлака убаво. Се додаваат жолчките, предходно изматени со шеќер во прав. Се меша да се изедначи.
Откако пандишпанот ќе се олади се филува, се сечат коцки кои се декорираат со слатко од вишни и винчини тортички.
Лесна и вкусна...