Омлет со зелени пиперки
Состојки
- 2 јајца, лесно разматени
- 1/2 зелена пиперка, исечена на коцки
- 50 гр дробено сирење
- 2 лажици масло
- 1/8 лажиче сол
Подготовка
Во нелепливо тавче, ставете малку масло да се загрее. На маслото ставете ја пиперката да се запржи. Кога ќе омекне, ставете ги јајцата. Пржете многу кратко, додека да се стегнат. Лесно превртете го омлетот. Од горе ставете малку дробено сирење. Сервирајте веднаш.