Потпечени солени палачинки (со три вида сирење)
Состојки
- 8 палачинки
- За фил
- 300 гр. сецкано, чадено пилешко филе
- 200 гр. крем сирење
- 100 гр. топено сирење (со вкус на чадено сирење)
- 100 гр. кисела павлака
- по вкус малку сол
- За прелив
- 250 мл. неутрална павлака за готвење
- 100 гр. кисела павлака
- по вкус сол, мелен црн пипер, морско оревче, оригано
- 300 гр. рендан кашкавал
Подготовка
За филот матејки со миксер се соединува крем сирот и топеното сирење.
Се додава киселата павлака и таа мешајки се соединува со сирењето.
Се додава пилешкото филе и сол по вкус.
Секоја палачинка се премачкува по цела површина со филот.
Се предиплува на половина, па уште еднаш на половина при што се добива триаголник.
Се редат во малку намрсен калап со пречник од 26 цм..
Се полеваат со подготвениот прелив.
Неутралната павлака се меша со киселата павлака, се додаваат зачините по вкус.
Одозгора се распоредува ренданиот кашкавал и наросува со оригано.
Се става во загреана рерна да се потпечат палачинките, додека се растопи и порумени кашкавалот.
Се сервира и послужува топло.
На здравје!
п.с.Ги ставив во калап со откопчување, но обавезно во уште едно тепсивче, за да не протечи преливот.