Сочен колач со портокал (посно)
Состојки
- За кората
- 300 мл. свежо исцеден сок од портокал
- 4 лажици мармалад од шипка
- 120 гр. шеќер
- 2 ванили
- рендана кора од 2 портокала
- 200 гр. потпечени мелени ореви
- 130 гр. остро брашно
- 2 лажици какао
- 1 пециво
- 100 мл. масло
- Фил
- 100 гр. посно чоколадо за готвење
- 2-3 лажици мармалад од шипка
- 120 гр. мелени посни бисквити
- 1 ванила
- 150 мл. сок од портокал
- За посипување
- 50 гр. печени сецкани ореви
Подготовка
1.Портокалите потопете во вода со сода бикарбона, нека одстојат околу 20 мин, измијте ги и избришете.
2. Од два портокала изрендајте ја кората на ситната страна од рендето, а потоа исцедете го сокот во вкупна количина од 450 мл. Потребни се околу 4 поголеми сочни портокали или околу 6 помали-сепак зависи од сочноста на самиот портокал.
3. Оревите на сува тава малку потпечете ги. Можете веднаш потоа да ги ставите во крпа и да ги протриете доколку сакате да им ја извадите лушпата. Одвојте од нив 200 гр. и сомелете ги, а остатокот ќе ви послужи за посипување.
4. Во сад ставете одмерен свеж сок од портокал во количина од 300 мл. додадете го мармаладот шипка кој пожелно е да биде домашен затоа што е поредок, доддете го шеќерот, ванилата, кората од ренданиот портокал, мелените ореви, брашното измешано со пецивото и какаото, со лажица добро измешајте, на крај во тенок млаз додадете го маслото. Измешајте да се тоа спои со во смесата, истурете ја во плекче послано со хартија за печење со диманезии од 30х20 см. а доколку сакате повисок колач, тогаш во помало плекче.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 мин, (сепак времето зависи од самата рерна-проверете со чачкалица). Печен колачот оставете да се подолади - со многу малку мармалад премачкајте ја кората, врз него нанесете го филот кој ке го спремите додека се пече колачот, на крај посипете со сецканите ореви.
Фил
1. Искршете го чоколадото, ставете во сад во кој ке го додадете и мармаладот, нека се стопи (јас тоа го правам на пареа).
2. Измелените бисквити ставете во сад, додадете во нив преостанатиот сок од 150 мл., ванилата, добро измешајте.
Напомена - ако немате мармалад од шипки одлична замена е самиот мармалад од портокал или од кајсија.