Испечати

Слатко-кисела салата со марула, јајца,ананас и портокали

 Слатко-кисела салата со марула, јајца,ананас и портокали

Состојки

  • 3 листа свежа марула
  • 1/2 портокал, сецкан на резанки
  • 1 мало киви
  • 1 круг ананас, сецкан на парчиња,
  • 1 варено јајце
  • 7-8 зрна фстаци
  • прелив
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица балсамико оцет
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

Во еден сад за сервирање ги нанесуваме ситно сецканите листови марула.
Врз нив поставуваме резанки портокал, парчиња киви, варено јајце и парчиња ананас.
Во мал сад соединуваме маслиново масло, балсамико оцет, сол и бибер.
По желба може да се додаде и ½ лажиче мед и малку рендан ѓумбир.
Ја прелеваме салата со дресингот.
Расфрламе зрна на фстаци.
Послужуваме.