Кременадли во сос од сенф и вино
Состојки
- 7 парчиња свински кременадли без коска
- 50гр путер или свинска маст
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка бибер
- 1 лажичка мешан сув зачин
- 2 лажици сенф
- 1 чаша црвено вино
- 180 гр кисела павлака
Парчињата месо ги посолуваме, им ставаме бибер и мешан сув зачин без сол. Ги исчукуваме и ги пржиме на путер или свинска маст.
Ги тргаме на страна и во истата тава го ставаме виното, сенфот и киселата павлака. Промешуваме и го оставаме кратко да проврие. Пробајте го сосот, па може да го зачините и посолите по свој вкус.
Месото може да го вратиме во тавата, па заедно со сосот да проврие уште кратко или пак со сосот пред служење да ги прелиеме кременадлите.
Забелешка
Ваков сос може да направите за со било кое месо.
Количината на зачините ставајте си ја по вкус.
Во сосот може да ставите и бело вино,се разбира ќе биде со поинаков вкус. Сосот зависи и од квалитетот на виното.