Банана колач со аронија и ореви (посно, без миксер)
Состојки
- 300 гр банани
- 300 гр брашно
- 200 гр кафеав шеќер
- 2 ванилин шеќер
- 100 гр сечкани ореви
- 1 прашок за пециво
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка ситен шеќер со портокал и ѓумбир
- Прстофат сол
- 150 мл масло
- 100 мл вода
- 200 гр аронија
Подготовка
Кога ќе се пече еден ваков колач најдобро ќе знаете дали ви е успешен кога ќе почнат домашните да ви се прибираат во кујна водени од мирисот. Сладок, крцкав и освежителен од аронијата, а мирисен од зачините, ете таков е.
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени.
2. Бананите ги блендираме.
3. Во еден сад ги ставаме брашното и пецивото, соединуваме.
4. Потоа ги доставаме сите останати состојки шеќерите, зачините, оревите.
5. Промешуваме па ги додаваме маслото, бананите и водата. Соединуваме со мешање, и откако ќе се направи една средно густа смеса додаваме 100 гр аронија. Нежно со мешање ја соединуваме.
6. Во намрсено и набрашнето тавче ја распоредуваме смесата и врз неа ги додаваме остатокот од аронијата и наросуваме кафеав шеќер.
7. Печеме околу 25-30 минути.
Забелешка
Бананите излупени треба да ни бидат со оваа грамажа.
Користев од ситниот шеќер со ѓумбир во прав и портокал, ама како замена можете да си ставите рендана кора од портокал и 1/4 лажичка ѓумбир во прав.
Во колачот ставив смрзната аронија.
Дали е печен колачот проверуваме со чепкалка, ако е сува печен ни е колачот.