Бомбици со тиква и ореви (посно)
Состојки
- 300 гр печена тиква
- 300 гр бисквити
- 150 гр ореви
- 50 гр урми без семки
- 50 гр суви сливи без семка
- 3 лажици мед
- кора од еден портокал
- по прстофат зачини мелено каранфилче, морско оревче и цимет
Подготовка
На испечената тиква и ја отстрануваме лушпата и ја мериме.
Ги додаваме мелените бисквити, мелените ореви, а може да има и сечкани меѓу нив, зачините, кората од портокал, медот, сечканите урми и суви сливи. Соединуваме, оставаме малку во фрижидер да се стегне смесата и потоа правиме бомбици.
Забелешка
Колку бисквити ќе ставиме зависи од влажноста на испечената тиква.