Испечати

Чоколадни американски палачинки со лимон

Чоколадни американски палачинки со лимон

Состојки

  • 1 јајце
  • 150 мл млеко
  • 150 гр брашно
  • 1/4 кесичка прашок за печиво
  • 1/2 кесичка ванилин шеќер
  • 1 помал лимон -рендана кора
  • 30 гр рендано чоколадо
  • 3 лажици шеќер

Подготовка

Јајцето изматете го со млекото со жица за матење.
Додете ги останатите состојки и убаво измешајте.
Оставете ја смесата околу 10 минути и пржете ги палачинките на среден оган на малку намастено тавче.
Се пржат од двете страни по околу една минута.
Се става по една полна супена лажица.
Ние ги јадевме се мед, цитруси и ореви.
На здравје!