Испечати

Путер панцероти

Путер панцероти

Состојки

  • 1 кг. просеано бело брашно
  • 1 активиран пресен квасец
  • 2 лажичиња сол
  • 4 лажичиња шеќер
  • 1 пециво
  • 100 мл. масло
  • 200 мл. јогурт на собна температура
  • 300 мл. топло млеко
  • За фил
  • 400 гр. рендана салама
  • 400 гр. рендан кашкавал
  • 200 гр. кисела павлака
  • по вкус кечап и оригано
  • За после печење
  • по потреба путер

Подготовка

Во брашното се зафаќа квасецот, со 1 лажице шеќер и малку топла вода. Кога ќе надојди се додаваат сите состојки горе наведени и се замесува средно меко тесто.
По потреба за замесување се додава топла вода, зависно од брашното, некое повеќе пие течност.
Се остава да дуплира волумен, па на набрашнета подлога се отвора кора со дебелина од 0,5 цм. Со сакана големина се сечат кружни форми. На едната половина се става од филот и се обликова. Мене ми излегоа 20.
Се редат во плех на хартија.
Се киснат 20 мин..
Пред печење се премачкуваат со малку млака водичка.
Се печат на 200 степени 20 мин., во загреана рерна.
После печење се премачкуваат со путер.

На здравје!