Пченкарни пица крофнички (апарат за крофни)
Состојки
- 2 јајца
- 1 лажиче сол
- прстофат шеќер
- 1 чаша јогурт
- 1/2 чаша масло
- 1 пакетче прашок за печење
- 8 лажици пченкарно брашно
- 8 лажици пченично брашно
- по желба и вкус - рендана салама, кашкавал, сирење, кисели краставички
- 1 рамно лажиче оригано
- 2 прстофати пимент
Подготовка
Со миксер или жица за матење изматете ги редоследно сите состојки. Јајцата овде не мора да се кремасто изматени.
Печете во крофнарката ставајќи со помош на две лажици.
Печените крофнички потоа декорирајте ги со мајонез, зеленчук и гранче француски магдонос.