Испечати

Кокос крофнички (апарат за крофни)

Кокос крофнички (апарат за крофни)

Состојки

  • 2 јајца
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици шеќер
  • 100 гр маргарин
  • 1 чаша (180мл) јогурт
  • 1 пакетче прашок за печење
  • 12-13 лажици брашно
  • 6 лажици кокос

Подготовка

Изматете го маргаринот со медот и шеќерот, па додадете ги јајцата едно по едно.
Потоа со намалена брзина на миксерот додадете ги постепено и останатите состојки освен чоколадото.

Печете во загреана крофнарка и печените крофнички макајте ги во стопеното бело чоколадо.
Украсете по желба. Предлог од мене за поефектен вкус, да наросите кокос врз чоколадната глазура.