Испечати

Баклава со ореви и бисквити

Баклава со ореви и бисквити

Состојки

  • 500 гр кори
  • 300 гр мелени ореви
  • 200 гр мелени бисквити
  • 200 гр маргарин
  • Шербет
  • 800 гр шеќер
  • 600 гр вода

Подготовка

1. Мелените ореви и бисквитите се мешаат во длабок сад(тоа е филот).

2. Се земаат две кори кои се прскаат со растопен маргарин се превиткуваат на половина и на самиот крај од корите се става од филот и се впревиткува во цврста ролна. Така се прават сите други ролати.
3. Потоа се сечат и се полива со растопен маргарин. Се пече во загреана рерна на 200С-30мин. Се лади баклавата и се полива се топол шербет. На здравје!!!