Испечати

Ѕвездички од портокал

Ѕвездички од портокал

Состојки

  • Тесто
  • 500 гр брашно
  • 3 жолчки
  • Кора од 2 портокали
  • 250 гр шеќер во прав
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 250 гр маргарин
  • 2 лајчиња рум
  • 100 гр ладно млеко
  • Глазура
  • сок од 1 портокал
  • шеќер во прав по потреба (да биде понагусто)

Подготовка

1. Се замесува компактно тесто од сите состојки.
2.Се сучи кора и се вадат ѕвездички или се прават разни форми. Правев ѕвезди и ги преливав со бела глазура, а некои ги лепев по две со еурокрем.
Секако се превкусни и ароматични кои пленат при првото залаче.
4. Се ставаат на хартија во плех од рерна и се печат на 160С-да поруменат 10мин.

Глазура-сок од 1 портокал и шеќер во прав.