Чоколадни бомбици со суви смокви, орев, портокал и рогач
Состојки
- 100мл слатка павлака
- 1 лажиче рендана кора од портокал
- 200гр црно чоколадо со портокал
- 1 лажиче мед
- 20гр путер
- 120гр суви смокви, ситно сецкани
- 2 лажици мелен рогач
- 2 лажици мелен орев+30гр сецкан орев
- 1 лажиче сок од портокал
- некое зрно сол
- 30гр мелен орев за валкање
- 30гр мелен рогач за валкање
Подготовка
Вкусотијааааа....
Топла препорака за да ги подготвите овие бомбици.
Прво на измиениот портокал му ја рендаме надворешната, портокалова кора.
Во касерола ја ставаме слатката павлака да се загрее и ја додаваме кората од портокал да ја пушти својата арома.
Потоа ако има потреба повторно ја загреваме слатката павлака, додаваме сок од портокал, мед, путер и чоколадо.
На најниска температура на рингла ги соединуваме состојките.
Тука додаваме ситно мелен орев, сецкан орев,рогач, сол и сецкани суви смокви.
Промешуваме убаво.
Смесата ја оставаме на ладно, покриена со проѕирна фолија за да се стегни.
Потоа со лажиче земаме од смесата и формираме бомбици.
Јас пола ги извалкав во рогач, а пола во мелен орев.
Ги сервираме во хартиени корпици и послужуваме.