Испечати

Куглов цитрус

Куглов цитрус

Состојки

  • 4 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 100 мл масло
  • кора од портокал и сок
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 300 гр брашно
  • 100 гр аранчини (кори од портокал и лимон)
  • 100 гр суво грозје (претходно потопено во рум)
  • 100 гр мелени ореви

Подготовка

Во длабок сад се матат јајцата заедно со шеќерот. Кога ќе се добие густа смеса се додава маслото и млекото постепено мешајки со шпатула.
Брашното се меша и просејува со пецивото и тоа се додава. На крајот се додаваат аранчините, грозјето и оревите.
Се печи во куглов во загреана рерна на 180С-25мин. Одозгора се поросува со шеќер во прав.