Пита со чаден колбас и моцарела
Состојки
- тесто
- 15гр свеж квасец
- 1/2 лажиче шеќер
- 1/2 лажиче сол
- 2 лажици маслиново масло
- 50мл обична вода или кисела вода
- 100мл млеко
- околу 300 гр брашно
- 150-180гр танко сечкан, чаден колбас
- 125гр моцарела
- 1 лажиче оригано
- 4-5 лажици домашен доматен сос
- Малку сусам за по краевите на питата
Подготовка
Случајно настаната пита, набрзина, но... краен резултат многу вкусноо
Ќе се повтори сигурно во мојата кујна.
Во вангличка ги ставаме топлото млеко, квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставме да одстои 5 минути.
Потоа додаваме сол, маслиново масло, кисела вода.
Промешуваме со вилушка.
Додаваме брашно, но тестото треба да биде замесено понамеко, малку лепливо.
Го оставаме тестото во садот, го покриваме да одмори 10 минути.
За тоа време ги сецкаме чадениот колбас и моцарелата.
Земаме тава бр 26.
Во неа го нанесуваме тестото.
Одозгора го премачкуваме со домашен доматен сос.
По цела површина распоредуваме парченца колбас.
Претежно во средината ја нанесуваме моцарелата.
Попрскуваме со оригано.
По краевите посипуваме сусам.
Печиме во загреана рерна на 200 с околу 25 минути.
Сервираме топла.