Испечати

Оревчиња

Оревчиња

Состојки

  • 320 гр брашно
  • 120 гр мелени ореви
  • 100 гр шеќер во прав
  • 2 лажици какао (јас не ставив)
  • 250 гр маргарин
  • џем од кајсии

Подготовка

Подготовка
Се замесува тесто од сите состојки. Се премачкуваат калапчињата со масло и се полнат од смесата.
Се печат во загреана рена на 180С-15мин. да останатат бледи.
Се вадат од калапчињата и се премачкуваат со мармалад.
Може и со еурокрем или по ваша желба. Јас ставаив мармалад од кајсии и малку мелени ореви.
Се лепат по две.
На здравје!!!