Испечати

Слатки потковици со ореви

Слатки потковици со ореви

Состојки

  • Тесто
  • 380 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр мелени ореви
  • 200 гр маргарин
  • 1 до 2 јајца
  • 1 ванила
  • Глазура
  • 100 гр чоколадо
  • 2 лажици масло

Подготовка

1. Во длабок сад се ставаа сите состојки и се замесува тесто.
Се дели тестото да 4 дела. Секој дел се сука сукалце, се сечат парчиња од 6см и се свиткуваат во потковица. Се печат на 180С-20мин.
Кога ќе оладат се макнуваат во растопено чоколадо. На здравје!!!