Испечати

Рум бомбици

Рум бомбици

Состојки

  • 125 гр мелени ореви
  • 125 гр мелени лешници
  • 200 гр мелени плазма бисквити
  • 100 гр чоколадо
  • 70 гр путер
  • 100 гр шеќер во прав
  • 1 полна лажица нутела
  • 2 лажици рум
  • Декорација
  • 50 гр чоколадо
  • 35-40 зрна лешник

Подготовка

Чоколадото со путерот ги топиме на пареа.
Лешниците, оревите и бисквитите кои треба да се ситно мелени ги ставаме во сад и тука го додаваме шеќерот во прав.
Полеваме со рум и промешуваме.
Ја додаваме чоколадната смеса и нутела кремот и убаво месиме.
Формираме бомбици.
На секоја бомбица ставаме малку чоколадо и лепиме по еден лешник.