Печена мисирка
Состојки
- 1 мисирка(околу 4,5 килограми)
- 125 гр путер
- 2 портокали
- 2 лимони
- 2 јаболки
- 4 моркови
- 2 главици кромид
- Од зачини сол,црвен пипер,црн пипер,зачин од сушен зеленчук
Подготовка
Мисирката најпрво ја премачкуваме со путерот под кожата. Лесно се одвојува кожата, па ќе немате проблем со тоа. Ја премачкуваме целата мисирка и однадвор и однатре со зачините заедно измешани. Портокалите, лимоните, јаболките, морковите и кромидот ги сечеме на парчиња. Ја полниме внатре со нив, а остатокот го ставаме во тавата во која ќе ја печеме. Со конец ги врзуваме копаните и ја ставаме врз парчињата зеленчук и овошје. Во садот ставаме околу 50 милитри масло и 200 милитри бело вино.
Мисирката ја печеме 4 часа, (колку килограми е мисирката,толку часови се пече), на 160 степени. Во текот на печењето се врти и на двете страни.