Зачинет крап со палента на Африкански начин
Состојки
- 500 гр. крап, исечен на парчиња
- 2 лажичка чили паста
- 1 лимон (сокот) и кората
- 100 гр. палента
- 1 лажичка коријандер во прав
- 4 лажици путер
- дополнително сол и црн бибер
Подготовка
- Парчињата крап се посолуваат, им се додава црн бибер, чили пастата и сокот од лимон и се маринираат 1 час.
- Во тенџере на 1 лажица путер кратко се пржи коријандерот во прав, потоа се додава 350 мл вода и палентата. Се вари 15 минути се додека не згусне, на крај се додава сол и лажичка рендана кора од лимон.
- На тава во која сме додале путер го пржиме маринираниот крап од двете страни, се додека убаво не зарумени.
- На чинија сервираме од топло сварената палента и парчињата крап, од страна ставаме и кришка лимон.
Напомена
Во сварената палента може да се додаде и рендан кашкавал.