Карамелизирани експандирани житарки
Состојки
- 1 средно голем филџан за кафе шеќер
- малку помалку од 1/2 пакетче пакетче Натура експандирани интегрални житарки без шеќер
Подготовка
Многу едноставно десертче кое децата го обожаваат, но и возрасните ништо помалку.
Експресно се спрема и е одлично, особено во моментите кога се сака нешто благичко, а
се нема по дома. Жива зараза се штом почниш да ги јадиш
Во суво тенџере се става шеќерот и на умерена температура се меша да се
карамелизира.
Потоа се додаваат житарките и брзо се меша и без чекање смесата се истура веднаш врз
пек хартија. Одогора се става уште еден лист и со раце или сукалка се израмнува.
Без да се чека, со нож се сечи на посакувани големини, штанглички, коцки,
триаголничиња и потоа заразно се грицка.