Крем Натура
Состојки
- 100 гр мусли со суво овошје
- 6 парчиња бисквити
- 50 гр путер
- За овошен крем
- 200 гр вишни
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица нишесте
- За светол крем
- 2 лажици мармалад
- 3 лажици крем сирење
- 200 мл хопла
- сок од половина лимон
- по избор јагоди, вишни, малини
Подготовка
Прво го правиме овошниот крем: Вишните заедно со шеќерот се варат, се додава
нишестето.
За светлиот крем: се мати хоплата, се додава крем сирењето и лимонот, се додава
мармаладот и кремот е готов.
1. Ставаме прво во чашите од муслите измешано со бисквитите. Потоа ставаме од
овошниот крем по 2 лажици во чашите.
2. Се става од светлиот крем врз овошниот крем и потоа се декорира со хопла од која ќе
оставиме малку за декорација.