Испечати

Тава ориз со мелено месо

Тава ориз со мелено месо

Состојки

  • 0,5 кг мелено месо
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 чаша ориз
  • 1 чаша доматен сос
  • 3,5-4 чаши вода
  • 1 лажица мешан сув зачин на вкус оригано, пимент, куркума
  • 1 лажиче црвен пипер грст магдонос
  • 2-3 ловоров лист
  • За одозгора по желба
  • неколку пиперки
  • неколку јајца

Подготовка

Ситно се сечка кромидот, а морковот се ренда, па заедно со месото зе запржуваат во
тавата во која ќе се печат. Откако ќе запржат, им се додава да запржи и оризот, па се
додава црвениот пипер.
Се прелива со доматниот сос и водата, па откако ќе се измеша се додаваат зачините и
магдоносот. На крај и ловоровите ливчиња.
Се става во загреана рерна на 200С да се печи 15-20 минути, па се вади и одозгора му се
ставаат пиперките и неколку јајца цели кршени.
Се враќа во рерна да се допечи.