Испечати

Куглоф Фантазија

Куглоф Фантазија

Состојки

  • 1 готова смеса Фантазија(мешавина за овошен колач со суво грозје 420 гр)
  • 1 портокал
  • 30 гр чоколадо
  • 5 лажици карамелизирани толчени ореви
  • За прелив
  • 100 гр чоколадо,3 лажици масло
  • карамелизирани ореви и шеќер во прав Фантазија
  • Уште ќе ви треба-3 јајца,120 мл масло и 100 мл млеко

Подготовка

Екстра вкусен куглоф со празничен мирис.
Постапката е следна
-Јајцата,маслото и млекото и мешавината за тесто Фантазија се подготвуваат според упатството на кутијата.
Јас додадов плус рендана кора од еден портокал, толчени карамелизирани ореви и рендано чоколадо.
Куглофот се пече според упатството ама најдобро вие да си проверувате со чепкалка.
Печениот куглоф оставаме да се олади и потоа го прелеваме со стопено чоколадо и на крај наросуваме со шеќер во прав.
Ви ги препорачувам овие мешавини на Фантазија бидејќи навистина се вкусни.