Испечати

Италијанска пита со јаболки

Италијанска пита со јаболки

Состојки

  • Состојки
  • 4 јајца
  • 1 пакување ванилин шеќер
  • 100 гр шеќер
  • 60 мл зејтин
  • 100 мл млеко
  • 300 гр брашно
  • 1 пакување пециво
  • 2 лажици цимет
  • 1 кг јаболка

Подготовка

Се матат јајцата со шеќерот. Се додава зејтинот, млекото, ванилиниот шеќер, пецивото, брашното, 1 лажица цимет и две јаболки сечени на мали парчиња. Се убаво се меша и се става во подмачкан округол плех(бр.28) со зејтин со брашно.
Врз питата се редат сечени јаболки на кришки, се посипува одозгора 2 лажици шеќер и 1 лажица цимет. Се пече на 180 степени околу 45 минути.
Едноставна и ароматична пита.