Испечати

Божиќни медењаци (Рудолф црвено носе)

Божиќни медењаци (Рудолф црвено носе)

Состојки

  • 250 гр путер
  • 450 гр брашно
  • 1 кесичка печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр мелени ореви
  • 3 лажици какао
  • 2 лажици мед
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка зачин за медењаци
  • За декорација/квики соленки,М&М бомбони,неколку зрна бибер

Подготовка

Многу вкусни и декоративни медењаци во форма на еленчиња.
Прво се матат јајцата со шеќерот и се додава путерот,па медот и се заедно се меша. Се додаваат зачините, брашното и печивото и се меси. Тестото се меси се додека смесата не се изедначи. На крај се додава какаото и повторно убаво се меси.
Од тестото се сучи кора дебела околу 5 мм и со модла срце се вадат форми за еленчињата. Се забодуваат по две солени перечиња за рогови и по една бомбона за носето.Се печат во загреана рерна на 190 степени околу 10 минути.
Готовите еленчиња се декорираат за да го добијат конечниот изглед,
За очи се капнува по една капка глазура(ројал ајсинг) и се забодува по едно зрно бибер.
Претходните години користев чоколадни капки за очите, меѓутоа оваа година немав дома и во недостаток искористив зрна бибер.
-од оваа смеса излегуваат многу колачи и затоа јас направив и други форми.