Натура топки
Состојки
- 2 јајца
- 1 лажичка сол
- 150мл масло
- 100мл вода
- 400 гр брашно
- 50 гр квасец
- 1 пакување Натура микс семиња
Подготовка
Се кршат јајцата се замесуваат со квасецот, маслото, водата, солта, брашното.
Се прави меко тесто и се ставаат разни семиња од Натура. Кога ќе стаса тестото се
прават топчиња и се печат на 250 степени, 20 минути....Вкусни и што повеќе стојат тие се
поубави и помеки.