Мафини со семиња
Состојки
- 2 јајца
- сол по вкус
- 100мл масло
- 75 мл вода
- 150 гр урда или сирење
- 1 прашак за пециво
- 7 лажици брашно
- 1 лажица маргарин
Подготовка
Сè се става во една вангла и се меша со лажица.
Смесата се става во намрсени калапи за мафини, до половина на калапите се полнат и
одозгора се поросува со разни семиња од Натура.
Се печат 20 мин. на 180С.