Испечати

Натура оброк со кисело млеко од Делимано апаратот

Натура оброк со кисело млеко од Делимано апаратот

Состојки

  • 200мл 1 тегличе (200мл) кисело млеко
  • 1 лажиче овесни трици Натура
  • 1 лажиче непечен лупен сончоглед Натура
  • 1,5 лажиче непечени лупени семки Натура
  • 1/2 лажиче лен (сомелен) Натура
  • 1 лажиче сусам Натура

Подготовка

Семките и сончогледот ставете ги во мала ќеса и со чекан или толчник истолчете ги.
Ленот сомелете го. А сусамот доколку сакате можи малку да го потпечите.
Сите состојки ставете ги во тегличката и измешајте. Ќе добиете идеален оброк за појадок
кој одлично заситува.
Јас го сакам ваков каков што е, но секако кој сака да му е заблажено можи во него да
додава и овошје.
Бидејќи користев тегличка од Делимано апаратот за киселење млеко и сакав во неа да ми
е оброкот, пред да ги додадам состојките во него прво си сркнав 2 лажичиња за да
направам место.
Натура има и мешавина од овие семиња и можи и така да се искористи, но мене повеќе
ми се допаѓа кога јас сама си го балансирам соодоносот. Сепак, има денови кога ме
мрзи и тогаш често знаам да посегнам и по готовата мешавина од која најчесто ставам 2
лажички