Испечати

Кошнички со фил од тиква и урми

Кошнички со фил од тиква и урми

Состојки

  • 230гр брашно, може и интегралнио да се користи
  • 1 лажица мед
  • 1 јајце
  • 100гр путер
  • 30гр какао
  • 1/2 лажиче пециво
  • Зачини
  • мелено каранфилче
  • мелен ѓумбир
  • мелено морско оревче
  • некое зрно сол
  • Фил
  • околу 300 гр сварена и добро исцедена тиква
  • 100гр урми
  • 2 лажици млеко
  • 1/4 лажиче цимет
  • Декорација
  • 50гр црно чоколадо
  • 1 лажица масло

Подготовка

Во еден сад ги ставаме медот, јајцето, солта, зачините, путерот, какото и со вилушка ги промешуваме состојките.
Тука го додаваме брашното и пецивото.
Замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го завиткуваме во прозирна фолија и го оставаме во фрижидер на 30 минути да одмори.
Во нутрибулет јас ставив половина количина на варена тиква, цимет, млеко и урми.
Соединив. Потоа ја додадов останата количина на тиква.
До колку е тиквата посува додадете уште една лажица млеко.
Тука не користев никаков засладувач од причина што тиквата беше блага, а секако и урмите се слатки.
До колку сакате може да додадете 1-2 лажици мед или кафен шеќер.
Изладеното тесто го делиме на 8-9 топчиња.
Секое топче го расукуваме во мало кориче, со кое ги обложуваме и малите лимени калапчиња.
Во средината тестото го боцкаме со вилушка за да не се крени во печењето.
Ставаме по 2 полни лажици од подготвениот фил.
Ставаме во загреана рерна да се печат околу 15-20 минути на 180 степени.
Малку оставаме да се изладат, а потоа внимателно ги вадиме од лимените калапчиња.
Декорираме со растопено чоколадо.
Послужуваме.