Кисело-лута кинеска супа
Состојки
- 100гр. тофу
- 100гр. шитаке печурки
- 50гр. црни печурки-ушки
- 1 среден морков
- 1 јајце
- 1л вода
- 2 млади кромитчиња
- соја сос
- сусамово масло
- сол бибер
- 3 лажици густин
- 4 лажици оцет
- 2 чили пиперчиња
Подготовка
Ова е познатата кисело-лута кинеска супа-суанла танг. Одлична е кога времето е постудено за да се згреете.
На почеток сите состојки, морковот, печурките и тофуто се сецкаат на ленти.
Морковот се става во тавата со вода од 1 литар и се загрева до вриење.
Се додаваат шитаке печурките и црните ушки. Врие 2 мин. Се додаваат чили пиперчињата.
Густинот се раствора во малку вода и се додава да се згусне супата. Се додават тофуто. Убаво се промешува. Сите зачини ги ставате на крај, Соја сос, маслото, биберот, оцетот. Врие на потивко околу 5-7 мин до згуснување.
На крај изматеното јајце се додава. Готово.
При сервирање ставаме свежо сецкано младо кромидче.
Кисело-лутиот вкус се прилагодува по треба.
На здравје!