Колачиња со кокос
Состојки
- 125 гр. маргарин ( или путер)
- 125 гр. шеќер во прав
- 1 ванила
- 1 кесичка рум шеќер
- 2 јајца
- 350 гр. брашно
- 50 гр. кокос
- 1/2 кесичка пециво
- За глазура
- 100 гр. црно чоколадо
- 3 лажици масло
- малку кокос
Подготовка
Од сите состојки се замесува тесто, завиткано во најлонска фолија се става во фрижидер 1-2 часа.
Се прават форми на малку набрашнета подлога.
Се печат на 180 околу 12 мин., во претходно загреана рерна.
За глазурата чоколадото со маслото се топат над пареа.
Се украсуваат печените колачиња.
Уживајте!
п.с.На дел од колачињата- цветчињата, може да ставите кршени тврди бомбони, јас ставив Бронхи и не ми беа успешни, не се направи убаво стакленце, бидејки тие имаат малку некаков полнеж, значи треба чисто тврди бомбони...